свет

Турција испрати 20.000 дози вакцини против Ковид-19 во Турската Република Северен Кипар

„Утрово во 05:00 часот од Република Турција во нашата земја пристигнаа 20.000 дози вакцини Синовак со авион за брза помош“, истакна преку писмено соопштение Али Пили, министер за здравство на Турската Република Северен Кипар.

Muhammet İkbal Arslan   | 14.01.2021
Турција испрати 20.000 дози вакцини против Ковид-19 во Турската Република Северен Кипар

НИКОЗИЈА 

Турција испрати 20.000 дози вакцини „Синовак" (Sinovac) против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турската Република Северен Кипар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Утрово во 05:00 часот од Република Турција во нашата земја пристигнаа 20.000 дози вакцини Синовак со авион за брза помош“, истакна преку писмено соопштение Али Пили, министер за здравство на Турската Република Северен Кипар.

Пили даде изјава за АА во врска со оваа тема, при што нагласи дека утре и во сабота планираат да започнат со вакцинирањето.

„Ги направивме плановите за вакцинирање. Во првата фаза вакцинирањето ќе започнат во девет наши центри. Првите вакцини ќе бидат наменети за сите здравствени работници кои се на преден план во борбата против Ковид-19“, рече Пили, додавајќи дека потоа ќе се вакцинираат лицата постари од 65 години.

„Според планот за вакцинирање, потоа планираме да ја вакцинираме целата земја. Ние сме мала земја, и многу лесно ќе го надминеме тоа. Обезбедивме и обука за тоа. Затоа за нас не е тешко да се спроведе вакцинирањето“, нагласи Пили.

Тој во лично име и во име на неговата земја упати благодарност до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и турскиот министер за здравство Фахретин Коџа поради дадената поддршка за Турската Република Северен Кипар.

„Турција како секогаш и во нашата борба против Ковид-19 стоеше покрај нас“, додаде министерот за здравство на Турската Република Северен Кипар, Али Пили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.