свет

Турската крајбрежна стража спаси 64 нерегуларни мигранти во Егејското Море

По дојавата дека групата нерегуларни мигранти се наоѓа на гумен чамец во близина на градот Дикили, Командата на крајбрежната стража спроведе акција и спаси група луѓе

Yusuf Soykan Bal   | 08.04.2021
Турската крајбрежна стража спаси 64 нерегуларни мигранти во Егејското Море

ИЗМИР

Турската крајбрежна стража рано утринава спаси најмалку 64 нерегуларни мигранти на егејскиот брег кај турската област Измир, јавува Агенција Анадолија (АА).

По дојавата дека групата нерегуларни мигранти се наоѓа на гумен чамец во близина на градот Дикили, Командата на крајбрежната стража спроведе акција и спаси група луѓе.

Нерегуларните мигранти изјавија дека грчките сили ги турнале во турските територијални води.

По рутинските процедури тие се префрлени во Канцеларијата за миграции.

Турција е главна транзитна рута за илегалните мигранти кои имаат за цел да преминат кон Европа за да започнат нов живот, бегајќи од војна или прогон.

Турција и групите за заштита на човековите права во повеќе наврати ја осудуваат грчката нелегална практика на враќање на барателите на азил, наведувајќи дека покрај кршењето на законот, ги загрозува и животите на ранливите мигранти, вклучувајќи ги жените и децата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın