свет

Туристи од Европа и од САД откажаа 80 отсто од резерваците во Иран

Откажани се 80 отсто од резервациите во хотелите за наредните два месеци кои се направени од САД и од европските држави

Mustafa Melih Ahıshalı   | 19.01.2020
Туристи од Европа и од САД откажаа 80 отсто од резерваците во Иран

ИСТАНБУЛ (AA) - Повеќето туристи од западните земји, кои имаа намера да го посетат Иран, ги откажаа резервациите откако е соборен авионот на „Украина ерлајнс“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Откажани се 80 отсто од резервациите во хотелите за наредните два месеци кои се направени од САД и од европските земји“, рече челникот на Унијата на хотелиери на Иран, Џафар Хамзазаде, за новинската агенција ИРНА.

Додаде дека станува збор за привремена ситуација.

„Државата требаше да биде поддршка на приватниот сектор за да се надмине овој процес“, рече Хамзазаде.

Појасни дека откажувањето на резервациите од земјите од Западот ќе се обидат да ги надоместат со туристи од Кина и Индија.

Одредени земји, по информацијата дека воздушниот одбранбен систем на Иран во Техеран го соборил патничкиот авион на „Украина ерлајнс“, ги предупредија своите државјани на патување во Иран, а туристичките агенции се откажаа од понудите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın