свет

Трамп со изјава во врска со Сирија

„Доаѓаат добри вести, прекинот на огнот продолжува. Како резултат на конфликтите на границата животот го губат бројни Турци, треба да ги видите и двете страни“, рече Трамп

Dildar Baykan   | 21.10.2019
Трамп со изјава во врска со Сирија

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, истакна дека како резултат на конфликтите на сириската граница, животот го губат бројни Турци, јавува Anadolu Agency (AA).

Пред состанокот на неговиот кабинет во Белата Куќа, Трамп даде изјава за медиумите каде говореше за договорот постигнат меѓу Турција и САД во врска со североисточниот дел на Сирија.

„Доаѓаат добри вести, прекинот на огнот продолжува. Како резултат на конфликтите на границата животот го губат бројни Турци, треба да ги видите и двете страни“, рече Трамп.

Тој ја критикуваше политиката кон Сирија во периодот на Барак Обама, и додаде: „ДЕАШ во тој период беше секаде. Јас ги фатив нив. Знам повеќе од вас, или од лажните научници“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın