свет

Трамп се откажа од прашањето за државјанство на пописот

Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека се откажал од инсистирањето да се додаде прашањето за државјанство на пописот што ќе се одржи во 2020 година

Hakan Çopur   | 12.07.2019
Трамп се откажа од прашањето за државјанство на пописот

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека се откажал од инсистирањето да се додаде прашањето за државјанство на пописот што ќе се одржи во 2020 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Трамп се откажа од своето инсистирање на пописот да се додаде прашањето за државјанство, што предизвика дебати во американската јавност.

Тој, во изјавата за медиумите во Белата куќа, рече дека иако се откажал од напорите да се додаде прашањето за државјанство на пописот, ќе ги искористи сите други правни средства за да утврди кој е американски државјанин.

„Трошиме 20 милијарди долари за да направиме попис, но не можеме едноставно да ги прашаме луѓето дали се американски државјани. Тоа е многу смешно“, нагласи Трамп.

Трамп истакна дека има овластување да издаде претседателски декрет за ова прашање, но засега нема да го искористи тоа право.

- Несогласување меѓу Трамп и судот во однос на пописот

Трамп соопшти дека во пописот од 2020 година сака да се вклучи и прашањето за државјанство, но судот тоа не го дозволи.

На крајот на постапката што се водеше и во Врховниот суд на САД, беше донесена одлука дека не е јасно барањето зошто би се додало прашањето за државјанството на пописот, затоа што тоа прашање не е соодветно.

Министерството за правда соопшти дека ќе се придржуваат кон соодветната одлука на Врховниот суд, според која, на пописот што ќе се одржи следната година на учесниците нема да им се постави прашањето за нивниот статус на државјанство.

Трамп пак, од друга страна, наводно планирал да издаде претседателски декрет за додавање на прашањето за државјанство на пописот.

Во САД, на секои 10 години, со анкетни листови кои се испраќаат по пошта по домовите, се реализира попис. Пописот го реализира Управата за население, која е во склоп на Министерството за трговија. Се истакнува дека од 2020 година процесот на пописот ќе се врши преку интернет. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın