свет

Трамп сака да формира нова политичка партија

Откако изгуби на претседателските избори минатата година од неговиот противкандидат Џо Бајден, Трамп го иницирал ова прашање со неколку помошници и соработници минатата недела

Övünç Kutlu   | 20.01.2021
Трамп сака да формира нова политичка партија

АНКАРА (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, неодамна дискутирал за формирање нова политичка партија откога ќе ја напушти Белата куќа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Откако изгуби на претседателските избори минатата година од неговиот противкандидат Џо Бајден, Трамп го иницирал ова прашање со неколку помошници и соработници минатата недела, објави „Волстрит“ и додава дека Трамп партијата сака да ја именува Патриотска партија.

Иако Трамп сака да го продолжи своето влијание, тој неодамна им се спротивстави на истакнати членови на Републиканската партија.

Лидерот во заминување на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, го обвини Трамп за поттикнување на немирите во Капитол на 6 јануари, кога загинаа пет лица.

„Толпата беше нахранета со лаги“, рече лидерот на републиканците во Сенатот, додавајќи дека тие биле испровоцирани од претседателот и други моќни луѓе.

Трамп стана првиот американски претседател на кој двапати му беше изгласан импичмент откако Претставничкиот дом гласаше на 13 јануари за да го отповика поради неговата наводна улога во поттикнувањето на немирите.

Процесот за обвиненијата кои поттикнаа импичмент се очекува да започне во Сенатот откако Бајден ќе ја преземе функцијата денес.

Бајден посочи дека може да отслужи само еден мандат во Белата куќа, што значи дека Трамп може да учествува во претседателската трка во 2024 година, бидејќи анкетите покажуваат дека тој сè уште има силна поддршка меѓу републиканците.

Шеесет и осум отсто од републиканците велат дека Трамп е повеќе во контакт со обичните членови на партијата отколку со републиканците во Конгресот, според анкетата објавена од „Morning Consult-Politico“ на 24 ноември.

Додека 25 отсто се изјасниле дека републиканците во Конгресот се плашат од претседателот, 71 отсто се изјасниле дека тој најверојатно ќе се смета за ефикасен и посветен на најдобрите интереси на САД. Педесет и четири отсто се изјасниле дека ќе гласаат за Трамп доколку денес се одржат прелиминарни претседателски избори.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.