свет

Трамп: Навредлива и без почит е изјавата на Макрон за НАТО

„На никој не му е потребен НАТО повеќе отколку на Франција“

Vakkas Doğantekin   | 03.12.2019
Трамп: Навредлива и без почит е изјавата на Макрон за НАТО

ЛОНДОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, денес рече дека изјавата на неговиот француски колега, Емануел Макрон, дека НАТО преживеал мозочна смрт била навредлива и без почит, јавува Агенција Анадолија (АА).

„На никој не му е потребен НАТО повеќе отколку на Франција“, изјави Трамп на заедничката прес-конференција со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред самитот на Алијансата во Лондон.

Тој додаде дека е многу опасно за Франција да дава вакви изјави.

На почетокот на ноември, Макрон во интервју за „Економист“ изјави дека НАТО преживеал „мозочна смрт“. Тој исто така изрази сомнеж за применливоста на принципот на колективна одбрана, објаснувајќи дека САД покажале знаци на „вртење грб“ на своите воени сојузници, бидејќи тоа го покажале остро со неочекуваното повлекување на трупите од североисточна Сирија минатиот месец.

Говорејќи за тарифната криза меѓу САД и Франција, Трамп рече: „Не сакам Франција да ги оданочува американските компании, ако некој ги оданочува американските компании тоа се САД, а не Франција“.

Администрацијата на Трамп во понеделникот предложи тарифи за увозот на стока од Франција во вредност од 2,4 милијарди долари, меѓу која и на сирење, кармини, чанти и пенливо вино, како одговор на данокот на Франција за американските технолошки гиганти „Гугл“, „Амазон“ и „Фејсбук“.

Американскиот претседател истакна дека САД имаат добри односи со Турција, и додаде: „Доволно долго останавме на нивната граница, веќе се повлековме од границата. Прават добра работа.“

„Турција многу ни помогна во операцијата „Багдади“. Подобро од тоа не можеа да направат, поголема поддршка не можеа да ни дадат“, нагласи Трамп.

Тој рече дека Турција морала да затропа на друга врата кога веќе поранешната администрација на САД одбила да ѝ ги продаде проектилите „Патриот“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın