свет

Трамп му порача на Бајден: „Немој да заспиеш за време на состанокот со Путин“

„На Бајден му посакувам многу среќа на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин. Бајден, не заспивај за време на состанокот и на Путин испрати му ги моите најискрени желби“

Dildar Baykan   | 11.06.2021
Трамп му порача на Бајден: „Немој да заспиеш за време на состанокот со Путин“

ВАШИНГТОН (АА) - Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, му посака на актуелниот претседател Бајден среќа на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин, порачувајќи му да не заспива за време на состанокот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„На Бајден му посакувам многу среќа на состанокот со рускиот претседател Владимир Путин. Бајден, не заспивај за време на состанокот и на Путин испрати му ги моите најискрени желби“, истакна Трамп во писмено соопштение.

Тој наведе дека имал многу продуктивна средба со Путин во Хелсинки во времето кога бил претседател и додава: „Наспроти начинот на кој задоцнетиот лажен печат ја рефлектира средбата, Соединетите Американски Држави придобија многу работи на оваа средба, меѓу кои и почитта од страна на Путин и на Русија.“

Опишувајќи ја истрагата против него во врска со Русија како „трик финансиран од страна на Хилари Клинтон и демократите“, Трамп рече дека и покрај потешкотиите што ги предизвикала истрагата, тој одржува добри односи со Путин и Русија.

Средбата Бајден - Путин е планирана за 16 јуни во Женева, Швајцарија, на последниот ден од програмата за посетата на Бајден на Европа.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın