свет

Трамп: „Дојде време да се стави крај на оваа војна"

Трамп рече дека неговата одлука во врска со Сирија е исправна

Dildar Baykan,Hakan Çopur   | 10.10.2019
Трамп: „Дојде време да се стави крај на оваа војна"

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, го користеше изразот ПКК додека зборуваше за ЈПГ, укажувајќи на тоа дека во периодот на Барак Обама било извршено парнтерство со ПКК кој, како што рече Трамп, е смртоносен непријател на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп во Белата Куќа говореше во врска со неговата одлука за Сирија.

Американскиот претседател рече дека неговата одлука во врска со Сирија е исправна.

„Дојде време да се стави крај на оваа војна на која не ѝ се гледа крајот“, додаде тој.

Трамп го користеше изразот ПКК додека зборуваше за ЈПГ.

„Кога склучувате партнерство со ПКК кој е смртоносен непријател на Турција, како во периодот на Обама, тоа е исклучително тешка ситуација. Тие долго време меѓусебно се мразат“, рече Трамп.

Според него, присуството на САД на Средниот Исток го опиша како најлоша грешка.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın