свет

Трамп: Демонстрантите вклучени во нападот во Капитол ќе бидат изведени пред лицето на правдата

„Без изговори, без исклучоци. Америка е земја на закони. Оние кои беа вклучени во нападите минатата недела ќе бидат изведени пред лицето на правдата“

Servet Günerigök   | 14.01.2021
Трамп: Демонстрантите вклучени во нападот во Капитол ќе бидат изведени пред лицето на правдата

ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, изјави дека оние што учествувале во крвавите немири во Капитол минатата недела, ќе се соочат со правдата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во видеото објавено непосредно по импичментот од страна на Претставничкиот дом, претседателот во заминување рече дека тој недвосмислено го осудува насилството и дека „ниту еден мој вистински поддржувач никогаш не може да го поддржи политичкото насилство“.

„Без изговори, без исклучоци. Америка е земја на закони. Оние кои беа вклучени во нападите минатата недела ќе бидат изведени пред лицето на правдата“, рече Трамп. „Сега, ги замолувам сите оние што некогаш верувале во нашата агенда [...] да ги намалат тензиите, да ги смират страстите и да помогнат кон унапредување на мирот во нашата земја“.

Трамп не го спомна гласањето за негов импичмент во говорот, кој беше фокусиран само на упадот во зградата на Капитол и замолувањето на Американците да се воздржат од насилства и да ги почитуваат упатствата на органите за спроведување на законот.

Претходно, Претставничкиот дом гласаше за импичмент на Трамп во однос на единствениот член за поттикнување на бунт, со што стана првиот претседател во историјата на САД на кој му е изгласан импичмент двапати.

Со гласањето со исход 232:197 прашањето се испраќа до Сенатот.

Осврнувајќи се кон забраната на про-Трамп профилите на социјалните мрежи, што тој го нарече „невиден напад врз слободата на говорот“, претседателот рече дека „напорите за цензурирање, откажување и ставање на црната листа на наши сограѓани се погрешни и опасни“.

„Она што е потребно сега е да се слушаме едни со други, а не да се замолчуваме едни со други“, додаде тој.

Толпа поддржувачи на Трамп упадна во зградата на Конгесот на 6 јануари во обид да го запре процесот за заверување на гласовите на Изборниот колеџ за новоизбраниот претседател Џо Бајден.

Немирите предизвикаа смрт на пет лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın