свет

Трамп го назначи Гренел за нов директор на Националната разузнавачка служба

„Со задоволство ви соопштувам дека нашиот високопочитуван амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ќе стане вршител на должноста директор на Националното разузнавање“

Servet Günerigök   | 20.02.2020
Трамп го назначи Гренел за нов директор на Националната разузнавачка служба

ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот претседател, Доналд Трамп, вчера го именуваше американскиот амбасадор во Германија, Ричард Гренел, за вршител на должноста директор на Националната разузнавачка служба, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Со задоволство ви соопштувам дека нашиот високопочитуван амбасадор во Германија, Ричард Гренел, ќе стане вршител на должноста директор на Националното разузнавање“, напиша Трамп на Твитер.

„Рик ја претстави нашата земја многу добро и јас со нетрпение очекувам да соработувам со него. Би сакал да му се заблагодарам на Џо Мегвајер... за прекрасната работа што ја направи и ние со нетрпение очекуваме блиску да соработуваме со него, можеби во друга надлежност во рамките на администрацијата!“, напиша Трамп.

Мегвајер ја извршуваше функцијата од 15 август, кога Ден Коатс се повлече.

Назначувањето на Гренел од страна на Трамп треба да го потврди Сенатот, со што тој ќе стане директор на разузнавањето со редовен мандат.

Според законот, Мегвајер треба да ја напушти позицијата пред 12 март.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.