свет

Терористичката организација „Еш Шебаб“ ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Сомалија

- Во бомбашкиот напад, што се случи во саботата во Могадишу, загинаа 81 лице, меѓу кои и двајца турски државјани.

Ömer Erdem  | 31.12.2019 - Обновена : 31.12.2019
Терористичката организација „Еш Шебаб“ ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Сомалија Фото: Садак Мохамед / АА

КАРТУМ

Терористичката организација „Еш-Шебаб“ ја презеде одговорноста за нападот со бомба во Могадишу, главниот град на Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во снимените материјали, за кои се тврди дека му припаѓаат на портпаролот на „Еш Шебаб“, објавени на интернет-порталот „Сомали мимо“, кој е близок до организацијата, се истакнува дека е преземена одговорноста за бомбашкиот напад. 

Во бомбашкиот напад, што се случи во саботата во Могадишу, загинаа 81 лице, меѓу кои и двајца турски државјани.

Министерството за здравство на Турција, веднаш по нападот во Сомалија, испрати екипа од Националниот тим на медицински спасувачи (УМКЕ) и хируршки персонал од 20 лица.

Во експлозијата загинаа двајца турски државјани, а нивните мртви тела и 16 повредени Сомалијци беа однесени во Турција.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın