свет

Терористичката ДЕАШ презеде одговорност за самоубиствениот напад во Багдад

Напаѓачите активираа експлозивни направи во подрачјето во близина на плоштадот „Ал Тајаран“, каде што повредени беа 110 лица

Zehra Nur Düz   | 22.01.2021
Терористичката ДЕАШ презеде одговорност за самоубиствениот напад во Багдад

БАГДАД (АА) - Терористичката организација ДЕАШ денес ја презеде одговорноста за вчерашниот двоен самоубиствен напад во ирачката престолнина, во кој животот го изгубија 32 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Терористичката организација преку соопштение кажа дека стои зад бомбашките напади врз пазар во Багдад.

Напаѓачите активираа експлозивни направи во подрачјето во близина на плоштадот „Ал Тајаран“, каде што повредени беа 110 лица, според Ирачката новинска агенција.

Вчера, портпаролот на ирачкото Министерство за внатрешни работи, Халед Механа, за локална телевизија изјави дека ДЕАШ „сака да ја пренесе пораката дека таа сè уште постои“.

Ирачкиот претседател Бархам Салих рече дека мрачните групи со нападите за цел ги имаат националните достигнувања и мирот и иднината на ирачкиот народ.

„Цврсто стоиме против овие обиди за дестабилизирање на нашата земја“, додаде Салих.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın