свет

Талибанците запалија женска гимназија во Авганистан

Женската гимназија ја посетувале 700 ученици и дека наставата е прекината поради тоа што училиштето не е во состојба да одржува настава

Sayed Khodaberdi Sadat   | 21.08.2019
Талибанците запалија женска гимназија во Авганистан

КАБУЛ (АА) - Талибанските милитанти запалија женско средно училиште во подрачјето на Шеќердере во Кабул, главниот град на Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Насрат Рахими, соопшти дека милитантите го запалиле средното училиште „Бује Зар“ во Шеќердере.

Тој рече дека како резултат на пожарот училиштето не е во состојба за да одржува настава.

Портпаролката на Министерството за образование, Нурије Нузхет, наведе дека женската гимназија ја посетувале 700 ученици и дека наставата е прекината поради тоа што училиштето не е во состојба да одржува настава.

Нузхет истакна дека и претходно биле организирани слични напади врз женските гимназии од страна на терористичките организации.

Во изјавата дадена од Талибанците се тврди дека женската гимназија не била запалена од нивните милитанти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın