свет

Судир на два воза во Пакистан: Загинаа 18 лица, 67 се повредени

Во судир на патнички и товарен воз во Пакистан, според првичните информации, животот го загубиле 11 лица, а 85 се повредени

Behlül Çetinkaya   | 11.07.2019
Судир на два воза во Пакистан: Загинаа 18 лица, 67 се повредени (Foto: Arhiva/ AA)

ИСЛАМАБАД (АА) - Во Пакистан се случи железничка несреќа во која се судрија патнички и товарен воз. Во оваа несреќа, според првичните информации, животот го загубија 18 лица, а повредени се 67, јавува Anadolu Agency (AA).

Патничкиот воз кој од Куета, главниот град на провинцијата Белуџистан, се упатил кон Лахор, главниот град на покраината Пенџаб, кај градот Садикабад излетал од шините и преминувајќи во паралелната линија, удрил во товарен воз кој бил во мирување.

Фарук Селамет, полициски службеник, информираше дека во несреќата во потполност се уништени четири вагони кои излетале од шините и локомотивата на возот, а пронајдени се безживотните тела на 18 лица, додека бројот на повредени изнесува 67, од кои 11 се деца, а 9 се жени.

Тој соопшти дека сите вагони се испразнети и дека во тек се работите на спасувачките екипи под остатоците на вагоните.

- Опозицијата бара министерот за железници да биде разрешен

По несреќата изјава даде министерот на пакистанската железница, шехот Рашид Ахмед, информирајќи дека несреќата е последица на грешка на машинистот на возот.

Министерот Ахмед истакна дека е започната истрага, додавајќи дека на семејствата на загинатите ќе им биде доделена парична помош во висина од 1,5 милион палестински рупии (околу 8.500 евра), на тешко повредените ќе им бидат доделени 500.000 рупии (околу 2.800 евра), додека на полесно повредените 200.000 рупии (околу 1.150 евра).

Пакистанскиот премиер Имран Хан, преку својот профил на социјалните мрежи напиша „Со тага ја примив веста за железничката несреќа во Садикабад. Им изразувам сочувство на семејствата на починатите, а на ранетите им посакувам што поскоро заздравување. На министерот за железница му издадов наредба да ги преземе потребните чекори во врска со инфраструктурата и безбедноста на железницата која е запоставена со години.“

Опозициските партии, потсетувајќи дека последната година се случиле пет помали и поголеми железнички несреќи, побара да се разреши палестинскиот министер за железница.

Копретседателот на главната опозициска партија, Мерјем Наваз, преку социјалните мрежи објави „Погрешното раководење отвора пат за катастрофи и смрт на населението. Никој не е вознемирен од тоа, нечувствителноста е на шокантно високо ниво.“

Билаван Буто-Зердари, лидерот на пакистанската опозициска Народна партија, во својата изјава, потсетувајќи дека и во времето на поранешниот претседател на Пакистан, Первез Мушереф, Ахмед бил министер за железница, продолжи со зборовите „Хан, кој упатуваше голем број критики поради неподнесувањето оставки по несреќите во минатото, зошто сега не бара оставка од својот министер? Ахмед раководеше со железницата и во времето на Мушереф. Уште колку луѓе треба да загинат за да поднесе оставка?“

Од друга страна, членот на Парламентот на покраината Пенџаб, Хина Перваиз Бут, поднесувајќи барање до Парламентот за приведување на министерот Ахмед како одговорен за несреќата, истакна дека тој треба да си поднесе оставка.

На 20 јуни се случи железничка несреќа во која товарен се судри со патничи воз. Во несреќата животот го загубија 3 лица. По несреќата министерот Ахмед упати извинување, истакнувајќи дека пакистанското Министерство за железница е одговорно за несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın