свет

Столтенберг: „Постојат разлики во дефинирањето на ЈПГ“

„Постои несогласување меѓу сојузниците за тоа како треба да се дефинира ЈПГ во Сирија. Но, ние веќе имаме планови и сили да ги заштитиме и балтичките држави и сите сојузници“

Şerife Çetin   | 03.12.2019
Столтенберг: „Постојат разлики во дефинирањето на ЈПГ“

ЛОНДОН (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, истакна дека постои несогласување меѓу сојузниците за тоа како треба да се дефинира ЈПГ во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Столтенберг присуствуваше на сесијата во рамките на програмата „НАТО се ангажира“ (NATO Engages).

Столтенберг, истакнувајќи дека не се согласува со изјавата на францускиот претседател Емануел Макрон дека „НАТО е клинички мртво“ нагласи: „Како НАТО продолжуваме да произведуваме решенија. Секој нареден ден заеднички дејствуваме повеќе и со тоа покажуваме дека Алијансата е жива.“

На прашањето дали честите гласини дека има несогласување во Алијансата, влијаат на кредибилитетот на НАТО, Столтенберг истакна: „Никој не смее да го става во прашање нашето единство и солидарност. Активностите се многу посилни од зборовите. Реториката за нас можно е да биде многу лоша, но во суштина правиме многу добри работи.“

- „Постои несогласување во врска со дефинирањето на ЈПГ“ -

Соединетите Американски Држави (САД) се спротивставија на планот во кој стоеше дека ЈПГ/ПКК е закана за Турција. Како одговор на тоа, Турција не го одобри планот на НАТО за одбрана на балтичките земји. Во однос на тоа прашање, Столтенберг рече: „Постои несогласување меѓу сојузниците за тоа како треба да се дефинира ЈПГ во Сирија. Но, ние веќе имаме планови и сили да ги заштитиме и балтичките држави и сите сојузници.“

Столтенберг, како одговор на тоа дали прашањето ќе биде решено на состанокот на лидерите на НАТО, истакна: „За ова прашање не можам да ветам ништо, но ние продолжуваме да работиме. Тоа не значи дека немаме план за одбрана. Постојните планови ги реализираме и ги подобруваме.“

- „Кина за првпат е на агендата“ -

Генералниот секретар на НАТО, истакнувајќи дека НАТО не може да ги игнорира безбедносните проблеми што можат да произлезат од подемот на Кина, нагласи: „Кина за првпат официјално е на нашата агенда. Покрај можностите, постојат и проблеми.“

„Ние немаме намера да создадеме нов непријател“, рече Столтенберг, подвлекувајќи дека е важен чекорот за тоа што сите сојузници се согласиле да разговараат за подемот на Кина.

Посочувајќи дека Сојузот во односите со Русија следи двогласен став кој се состои од разубедување и дијалог, Столтенберг рече дека треба да се преземат повеќе чекори за дијалог.

Столтенберг истакна дека на тој начин и да не се подобрат односите со Русија, ќе бидат спречени воените несреќи. Тој исто така нагласи дека страните треба да најдат заедничко решение, особено во областа на контролата на оружјето.

Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг, во однос на прославите за 70-годишнината на НАТО, рече: „НАТО стана најуспешна воена алијанса во историјата затоа што може да се промени. Сѐ додека можеме да се менуваме, ќе продолжуваме да бидеме најсилниот сојуз.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın