свет

Столтенберг: „Постигнат е добар напредок во техничките преговори помеѓу Турција и Грција“

„Шест состаноци се одржани во седиштето на НАТО со Грција и Турција. Целта е да се создаде деконфликтен механизам со цел избегнување на инцидентите и несреќите во море и воздух“

Büşra Nur Bilgiç Çakmak   | 23.09.2020
Столтенберг: „Постигнат е добар напредок во техничките преговори помеѓу Турција и Грција“ Фото: Dursun Aydemir/AA

БРИСЕЛ (АА) - Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтеберг, денеска изјави дека Турција и Грција направиле добар напредок во техничките преговори за Источниот Медитеран, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Овие состаноци се во тек и направен е добар напредок. Ова се технички воени преговори“, изјави Јенс Столтенберг на прес-конференцијата по средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез.

„Шест состаноци се одржани во седиштето на НАТО со Грција и Турција. Целта е да се создаде деконфликтен механизам со цел избегнување на инцидентите и несреќите во море и воздух“, изјави тој.

Столтенберг го поздрави и договорот меѓу двете земји за одржување прелиминарни разговори.

„Тие ги надополнуваат димпломатските напори предводени од Германија за решавање на основиот спор. Германските напори вчера доведоа до договор за одржување на прелиминарни преговори, кои јас ги поздравувам“, изјави тој.

Грција го оспорува истражувањето на енергетските ресурси од страна на Турција во Источниот Медитеран, правејќи обиди да ја ограничи турската поморска територија врз база на малите грчки острови во близина на турскиот брег. 

Турција, земја со најдолго крајбрежје на Медитеранот, испрати наменски бродови за истражување на енергетските ресурси во својот континентален појас, нагласувајќи дека и Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК) имаат права во тој регион.

Со цел да се намалат тензиите, Турција повика на дијалог за да се обезбеди праведна поделба на ресурсите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın