свет

Стејт департмент: Ги осудуваме прекуграничните напади врз Турција, нашиот сојузник во НАТО

- Не споменувајќи го името ЈПГ/ПКК, Прајс рече дека ги осудува прекуграничните напади на Турција

Hakan Çopur   | 13.10.2021
Стејт департмент: Ги осудуваме прекуграничните напади врз Турција, нашиот сојузник во НАТО

ВАШИНГТОН 

Нед Прајс, портпаролот на Стејт департментот, изјави дека ги осудува прекуграничните напади врз Турција, сојузникот на НАТО, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Ги осудуваме прекуграничните напади врз Турција, нашиот сојузник во НАТО. Изразуваме сочувство до семејствата на двајцата турски полицајци убиени во Сирија“, рече Прајс во обраќањето на дневниот брифинг за медиумите, коментирајќи ги нападите на терористичката организација ЈПГ/ПКК врз Турција.

Не споменувајќи го името ЈПГ/ПКК, Прајс рече дека ги осудува прекуграничните напади на Турција.

„Важно е сите страни да се придржуваат на зоната за прекин на огнот, да се зацврсти стабилноста во Сирија и да се работи на политичко решение“, истакна Прајс, и додаде:

„Турција е наш важен сојузник во НАТО и имаме заеднички интереси на многу полиња, од борбата против тероризмот до завршување на војната во Сирија. Ќе продолжиме да одржуваме блиски консултации со Анкара за политиката кон Сирија.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın