свет

Средба Акар - Шекеринска во седиштето на НАТО во Брисел

Министерот Акар во штабот на НАТО се состана со министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска. За време на средбата беа разменети мислења по прашањата поврзани со одбраната и безбедноста

Sarp Özer   | 13.02.2020
Средба Акар - Шекеринска во седиштето на НАТО во Брисел ( Foto: Arif Akdoğan / Anadolu Agency )

БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, се сретна со Радмила Шекеринска, министерката за одбрана на Република Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со цел да учествува на сесиите од вториот ден од Состанокот на министрите за одбрана на НАТО, турскиот министер Акар во седиштето на НАТО имаше неколку средби со своите колеги од другите земји.

Акар прво се сретна со министерката за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска. За време на средбата беа разменети мислења по прашањата поврзани со одбраната и безбедноста.

По оваа средба, министерот Акар зеде учество на состанокот на тема „Односите меѓу НАТО и Украина“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.