свет

Сомалија: Двајца војници убиени, тројца ранети во напад на бомбаш самоубиец врз воена база

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда.

Ekipa   | 05.08.2022
Сомалија: Двајца војници убиени, тројца ранети во напад на бомбаш самоубиец врз воена база

МОГАДИШУ (АА) - Најмалку двајца војници загинаа, а тројца се ранети во напад на бомбаш самоубиец врз воена база во централна Сомалија, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Нападот се случи во Калабејр, подрачје на периферијата на Беледвејн, главниот град на регионот Хиран.

Војниците успеаја да спречат камион натоварен со експлозив да влезе во базата во која е сместена елитна сомалиска воена единица.

Сомалиската државна телевизија јави дека камионот експлодирал во близина на влезот.

Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Ал Шабаб поврзана со Ал Каеда.

Сомалија веќе неколку години е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, а најголема безбедносна закана во таа африканска земја е терористичката организација Ал Шабаб.

Од 2007 година, Ал Шабаб води смртоносна кампања против сомалиската Влада и меѓународните сили, кампања која однесе илјадници животи.

Обединетите нации предупредија на зголемена нестабилност во земјата.

Во вторникот, две лица загинаа, а неколку други беа ранети во експлозија која беше насочена кон безбедносен конвој во сомалискиот главен град Могадишу.

Минатата недела, во самоубиствен напад на Ал Шабаб загинаа најмалку десет луѓе во Мерка, главниот град на сомалискиот регион Долен Шабел.

Според податоците на ОН, во терористичките напади во Сомалија во 2018 година имало најмалку 1.518 цивилни жртви, при што 651 лице се убиени и 867 се ранети, а во 2019 година имало 1.459 цивилни жртви од кои 591 биле убиени и 868 ранети.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın