свет

Сијарто: Во интерес на ЕУ е тесна соработка со Турција

Министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто: „Во интерес на ЕУ е таа да има тесна соработка со Турција и на полето на безбедноста и по економските прашања.“

Ömer Tuğrul Çam   | 30.06.2020
Сијарто: Во интерес на ЕУ е тесна соработка со Турција

АНКАРА

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто и неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу по средбата во Анкара одржаа заедничка прес-конференција, јавува Агенција Анадолија (АА).

Наведувајќи дека односите меѓу Турција и ЕУ ќе ја одредат иднината на ЕУ, Сијарто истакна дека ЕУ по ова прашање не треба да биде дволична, туку отворена и искрена, воспоставувајќи дијалог со Турција кој се темели на взаемно почитување.

Укажувајќи дека пандемијата на новиот вид на коронавирус (Ковид-19) прикажа нова состојба во економијата и безбедноста на ЕУ, Сијарто истакна „Соработката на ЕУ со Турција и на двете полиња ќе биде од корист за обете страни.“

Зборувајќи дека Турција е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци од Сирија, Сијарто истакна дека покрај тоа, на турско-сириската граница се згрижени на стотици илјади лица. Зборувајќи за можност да дојде до втор бегалски бран, тој продолжи со зборовите: „Договорот за бегалци меѓу ЕУ и Турција е многу важен за ЕУ. ЕУ предходно ѝ даде збор на Турција дека во замена за задржувањето на бегалскиот бран ќе ѝ додели 6 милијарди евра. На оваа тема постојат дискусии, Брисел вели дека на Турција и исплатила 4,7 милијарди евра, но турската страна вели дека не е точно. Што поскоро треба ваквата состојба да биде решена и ветените пари да и бидат дадени на Турција, доколку е потребно, да се направи и нов договор. Доколку Турција не го запре можниот бран, тогаш Унгарија на својата јужна граница би можела да се соочи со ситуација многу полоша од онаа во 2015 година. Освен тоа, ваквата ситуација, освен економска има и здравствена димензија“.

- „Потребна е стабилност во Либија“

Сијарто, истакнувајќи дека со Турција се согласни за потребата од стабилизирање на ситуацијата во Либија, рече „ЕУ треба да соработува со Турција за стабилноста во Либија.“

Изјавувајќи дека Унгарија не се плаши од економска конкуренција, Сијарто истакна дека што е можно помалата царина е во интерес на неговата земја и додаде дека тие се залагаат за договори за слободна трговија и царински регулативи.

Потенцирајќи дека Унгарија соработува со Турција на полето на енергетиката, Сијарто рече: „Изграден е гасоводот ‘Турски тек’. Ние ќе го изградиме делот Унгарија-Србија и преку овој гасовод идната година во октомври ќе бидат траспортирани 6 милијарди кубни метри гас. Исто така, посакуваме азербејџанскиот гас од Каспиското Море да пристигне најдоцна до 2023 година.“

Велејќи дека посакуваат соработка со Турција и во областа на нуклеарната енергија, Сијарто рече дека 627 турски студенти аплицирале за стипендии на унгарската влада, истакнувајќи дека тоа е показател за стабилноста на соработката меѓу двете држави.
Покрај тоа, критикувајќи ја ЕУ дека нема јасен и отворен став кон Турција во однос на нејзиниот напредокот во интеграцијата во ЕУ, Сијарто рече:

„Потребно е да се избегне непочитување на важна земја, значаен партнер како што е Турција и непочитување на турскиот народ. Посакувам да има искрен состанок. Во интерес на ЕУ е таа да има тесна соработка со Турција и на полето на безбедноста и по економските прашања.

Ние ги отфрламе варијабилните критериуми по прашањето на визната либерализација. На пример, исполнети се 5 критериуми. Ако речеме дека ‘Имаше уште еден критериум, зарем не го кажавме тоа?“ тогаш постои несериозност и непочитување. Потребно е отворено и јасно да се кажат условите. Ако треба да се направи договор, тогаш да го сториме тоа. Доколку постои нешто што не е сторено или не е исполнето, тогаш тоа јасно да го кажеме. Доколку не постои ваквото стратешко партнерство, тогаш тоа ќе биде незаменлив недостаток од аспект на ЕУ​​.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.