свет

Сирија: Оружена обука за 400 терористи ЈПГ/ПКК од страна на коалициските сили предводени од САД

За време на тримесечната обука, терористите се обучени за употреба на лесно, средно и тешко оружје и за методите за напад и инфилтрирање во селата

Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan   | 22.07.2021
Сирија: Оружена обука за 400 терористи ЈПГ/ПКК од страна на коалициските сили предводени од САД

ХАСЕКА/АНКАРА (АА) - МОХАМАД МИСТО -

Коалициските сили предводени од Соединетите Американски Држави (САД) обезбедија оружена обука на 400 терористи на ЈПГ/ПКК во покраината Хасека, во североисточниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Коалициските сили предводени од САД, кои се присутни во регионите окупирани од терористичката организација ЈПГ/ПКК во Сирија, продолжуваат да обезбедуваат оружена обука за терористичката организација.

Според информациите добиени од локални извори, оружената обука на коалициските сили за 400 терористи на ЈПГ/ПКК се спроведувала на планината Абдулазис во Хасека.

За време на тримесечната обука, терористите се обучени за употреба на лесно, средно и тешко оружје и за методите за напад и инфилтрирање во селата.

- На таканаречената церемонија на дипломирање присуствуваше и терористичкиот водач „Мазлум Абди“ -

Со крајот на обуките, на планината Абдулазис се одржа таканаречената „церемонија на дипломирање“ за терористите.

На церемонијата присуствуваше Ферхат Абди Шахин, со кодно име „Мазлум Абди“, еден од водачите на СДФ (Сириски демократски сили), кои се под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК, и некои американски команданти.

Се дознава дека терористите кои ја завршиле оружената обука, ќе се приклучат на редовите на ЈПГ/ПКК во Хасека.

- Претходни обуки на терористите -

САД и Франција, кои се во коалиција формирана за борба против терористичката организација ДЕАШ, претходно со разни воени обуки ги поддржуваа терористите на ЈПГ/ПКК во Хасека и Деир ез-Зор, источно од Еуфрат.

Спортскиот комплекс, планината Абдулазис во Хасека и областа на нафтеното поле Омер во Деир ез-Зор се претворени во места за обука.

Терористите се обучуваат за употреба на оружје, артилериски оган, спречување напади врз бази и за позиции од копно определени од страна на беспилотни летала.

Во Спортскиот комплекс, кој служи како писта за американските хеликоптери, исто така, се спроведува обука за терористите на ЈПГ/ПКК.

Француските војници, кои во моментот дејствуваат под покровителство на САД во Сирија, честопати изведуваат артилериска обука за терористите на ЈПГ/ПКК.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın