свет

Сирија: Во напад во Африн загинаа 8 цивили

Припадниците на безбедносните сили истражуваат дали зад нападот стојат терористите на ЈПГ/ПКК

Ekipa   | 11.07.2019
Сирија: Во напад во Африн загинаа 8 цивили

АФРИН/АНКАРА (АА) - Во експлозија во Африн, Сирија, загинаа најмалку осум цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Во Тирендe, во јужниот дел на Африн, активирана е експлозивна направа поставена на цистерна со гориво, при што дошло до истекување на гориво што предизвикало пожар.

Во нападот од кој настанала значајна материјална штета, ранети се 35 цивили.

Припадниците на безбедносните сили ја истражуваат дали зад нападот стојат терористите на ЈПГ/ПКК.

Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска во операцијата „Маслинова гранка“, Африн го ослободија од терористите на ЈПГ/ПКК. Меѓутоа, терористите и понатаму беа присутни во Тел Рифат, кој се наоѓа југозападно од Африн и повремено извршуваат напади во Африн.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın