свет

Сирија: Во воздушните напади на Идлиб загинаа осум цивили

Припадниците на Цивилната заштита (Бели шлемови) наведуваат дека загинале осум цивили, од кои два во Хас, еден во Табис и пет во Кефер Ајн

Eşref Musa,Levent Tok,Burak Karacaoğlu   | 12.06.2019
Сирија: Во воздушните напади на Идлиб загинаа осум цивили (Foto: Arhiva/ AA)

ИДЛИБ (АА) - Во воздушните напади, кои припадниците на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, доцна синоќа ги извршија врз зоната без судири, загинаа осум цивили, јавува Anadolu Agency (AA).

Бомбардерите на режимот на Асад ги извршија нападите врз Хефер Ајн, Хас и Табис, во Идлиб.

Припадниците на Цивилната заштита (Бели шлемови) наведуваат дека загинале осум цивили, од кои два во Хас, еден во Табис и пет во Кефер Ајн.

Тој додаде и дека воздушните напади на Кефер Ајн биле многу интензивни поради што стравуваат дека бројот на загинати би можел да се зголеми.

Во воздушните и копнените напади кои припадниците на режимот на Асад и сојузникот Русија во последните три дена ги извршија врз зоната без судири во Идлиб загинаа најмалку 28 цивили.

Во Идлиб, како тврдина на сириската опозиција, живеат околу четири милиони жители кои се цел на постојаните режимски напади.

Со посредство на Турција и Русија во Сочи на 17 септември 2018 година е постигат договор за примирје во Идлиб и за воспоставување зона без судири за цивилите.

Во согласност со договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од регионот, а силите лојални на режимот на Асад не ги прекинаа артилериските и воздушните напади во тој регион.

Припадниците на Цивилната заштита соопштија дека во нападите на режимските сили и терористичките групи кои ги поддржуваат Иран и руските сили извршени на Идлиб, во мај се убиени 231 цивил, меѓу кои 59 малолетници, а ранети се 659 цивили.

Од септември минатата година и прогласувањето на примирјето, во тој регион раселени се повеќе од половина милион луѓе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın