свет

Сирија: Бунт на припадниците на ДЕАШ во затворот во Хасека

ЈПГ/ПКК, со поддршка на хеликоптерите на коалицијата предводена од САД, го задуши бунтот, а за време на акцијата многумина од затворениците се повредени

Mohamad Misto,Ömer Koparan   | 30.03.2020
Сирија: Бунт на припадниците на ДЕАШ во затворот во Хасека

ХАСЕКA (АА) - Избувна бунт во затворот во кој се притворени припадници на ДЕАШ во северната сириска покраина Хасека, која е окупирана од терористичката ЈПГ/ПКК, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Терористичката организација, со поддршка на хеликоптерите на коалицијата предводена од САД, го задуши бунтот, а за време на акцијата многумина од затворениците на ДЕАШ се повредени.

Според информациите добиени од локални извори, затворениците од ДЕАШ синоќа дигнале бунт поради лошите услови во затворот во Хасека, под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Во затворот што има 4.500 припадници на ДЕАШ од 54 земји во светот.

Се дознава дека терористичката ЈПГ/ПКК користела оружје за да го потисне бунтот. Исто така, забележано е дека во затворот пристигнале и амбулантни возила.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın