свет

Сирија: Бомбашки напад во близина на границата со Турција, загинаа 12 цивили

Експлозивна направа, поставена на возило, експлодирала на паркингот недалеку од болницата во Чобанбеј (Ал Раи), место во близина на границата со Турција.

Ömer Koparan,Adham Kako   | 15.09.2019
Сирија: Бомбашки напад во близина на границата со Турција, загинаа 12 цивили

ЧОБАНБЕЈ (АА) - Во бомбашки напад недалеку од болницата во Чобанбеј (Ал Раи), во северниот дел на Сирија, загинаа најмалку 12 лица, додека голем број се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).

Експлозивната направа, поставена на возило, експлодирала на паркингот недалеку од болницата во Чобанбеј, место во близина на границата со Турција.

Извори од Цивилната заштита тврдат дека загинале најмалку 12 цивили, и дека има голем број ранети.

Екипите се на терен и спроведуваат акции за спасување од под урнатините на објектите во близина на болницата.

Како резултат на детонацијата предизвикана е материјална штета.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın