свет

Сирија: Американските трупи го блокираа патот на руските сили до нафтените полиња

Рускиот конвој, што се состои од пет оклопни возила и пикап, беше принуден да се врати

Burak Dağ   | 22.01.2020
Сирија: Американските трупи го блокираа патот на руските сили до нафтените полиња

АНКАРА (АА) - Американските војници присутни во подрачјето на северна Сирија што се под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК го спречија рускиот воен конвој да пристигне до нафтените полиња во областа Ал Хасека, јавува Агенција Анадолија (АА).

Овој потег се случи за време на тековниот спор меѓу САД и Русија во врска со нафтеното поле „Румејлан“ во североисточната област Ал Хасека.

Рускиот конвој, што се состои од пет оклопни возила и пикап, беше принуден да се врати назад.

Терористите на ЈПГ/ПКК во четвртокот ги спречија руските војници да преминат преку градот Камишли, за да оформат воена зона во близина на нафтеното поле „Румејлан“.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın