свет

Силен земјотрес ја погоди североисточна Јапонија

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил префектурата Аомори околу 6:01 часот наутро

Ahmet Furkan Mercan  | 20.11.2023 - Обновена : 21.11.2023
Силен земјотрес ја погоди североисточна Јапонија

ТОКИО (АА) - Силен земјотрес утринава ја погоди североисточна Јапонија, објави метеоролошката агенција на таа земја, пренесува Анадолу.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека земјотресот со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погодил префектурата Аомори околу 6:01 часот наутро.

„Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 50 километри од брегот на Тихиот Океан во градот Хачинохе“, соопшти агенцијата.

Земјотресот наводно бил почувствуван во блиските региони Ивате и Хокаидо.

Властите потврдија дека не се откриени никакви неправилности во нуклеарната централа „Хигашидори“, лоцирана на полуостровот Шимокита во Аомори.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın