свет

СЗО повика на итно истражување на микропластиката

„Ние итно мораме да се здобиеме со повеќе информации за влијанието на микропластиката врз здравјето, затоа што таа е насекаде, вклучувајќи ја и нашата вода за пиење“, изјави Марија Неира, експерт од СЗО

Burak Bir   | 22.08.2019
СЗО повика на итно истражување на микропластиката

АНКАРА (АА) - Светската здравствена организација (СЗО) денес повика на понатамошно истражување за влијанието на микропластиката врз здравјето, по објавувањето на најновите откритија за микропластиката во водата за пиење, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ние итно мораме да се здобиеме со повеќе информации за влијанието на микропластиката врз здравјето, затоа што таа е насекаде, вклучувајќи ја и нашата вода за пиење“, изјави Марија Неира, експерт од СЗО.

Врз основа на ограничените сознанија што во моментот ги имаме, загадувањето со микропластика во водата во моментот не претставува ризик за здравјето, но потребни се повеќе истражувања и наоди.

„Луѓето мора да го спречат зголеменото загадување со пластика низ светот“, додаде таа.

„СЗО препорачува снабдувачите и регулаторите на водата за пиење да имаат за приоритет да ги отстранат патогените микроби и хемикалии, кои се познати ризици по здравјето на луѓето, како што се оние што предизвикуваат смртоносни дијареални заболувања“, се вели во соопштението.

„Микропластиките поголеми од 150 микрометри најверојатно нема да се апсорбираат во човечкото тело и внесувањето на помали честички се очекува да биде ограничено“, се вели во најновите наоди од анализата на микропластиката, што предизвика загриженост на СЗО.

„Откриен е уште еден наод од истражувањата за опасноста на микропластиката и е објавен во списанието „Science Advances“ од страна на тим истражувачи, кои пронашле 10.000 пластични честички по литар во Арктикот, кои паѓаат со снегот“, јави „Би-би-си“ минатата недела.

Невладините организации и меѓународните организации, како ОН, сметаат дека загадувањето со пластика е еден од најкритичните проблеми со животната средина, кој е во пораст.

За да се подигне свеста, ОН минатата година за Светскиот ден на животната средина назначија слоган „Да се победи загадувањето со пластика“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.