свет

Се урна авион во ДР Конго, загинаа 3 лица

- Три лица ги загубија животите во авионска несреќа што се случи при полетување на авион во провинцијата Северен Киву во Демократска Република Конго

Ahmet Emin Dönmez   | 16.06.2021
Се урна авион во ДР Конго, загинаа 3 лица Фото: Илустрација / АА

ЈАУНДЕ 

Три лица ги загубија животите во авионска несреќа што се случи при полетување на авион во провинцијата Северен Киву во Демократска Република Конго, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според вестите објавени во националните медиуми, комерцијален авион се урнал кусо по полетувањето од Аеродромот „Кавуму“.

Во несреќата животот го загубија три лица, од кои двајца членови на екипажот и еден патник.

Претставниците на власта не дадоа никакво соопштение во врска со несреќата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.