свет

Се преврте рибарски брод во Јужна Кореја: 1 загинат, 11 исчезнати

- Во јужниот дел на Јужна Кореја на отворено море кај островот Чеџудо се преврте рибарски брод. Во несреќата животот го загуби едно лице, а 11 се водат за исчезнати

Zehra Ulucak   | 19.11.2019
Се преврте рибарски брод во Јужна Кореја: 1 загинат, 11 исчезнати Foto: Arhiva / AA

АНКАРА

Во јужниот дел на Јужна Кореја на отворено море кај островот Чеџудо се преврте рибарски брод. Во несреќата животот го загуби едно лице, а 11 се водат за исчезнати, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според веста што ја објави новинската агенција „Јонхап“, полициски службеник изјавил дека на 76 километри од еден мал остров што спаѓа под островот Чеџудо, утрово избувнал пожар на 29-тонски рибарски брод.

Екипите на Крајбрежната стража информираа дека во несреќата животот го загубил еден рибар, а 11 се водат како исчезнати.

Полицијата соопшти дека на бродот се наоѓале шест Јужнокорејци и шест Виетнамци.

Во акцијата за пронаоѓање на исчезнатите рибари вклучен е еден брод на морнарицата, хеликоптери, бродови и цивилни бродови.

Полицијата информираше дека поради силниот ветер и високите бранови, спречила до местото на несреќата да се доближат мали спасувачки бродови.

Ко Мин-џунг, портпаролот на претседателот на Јужна Кореја, изјави дека претседателот Мун Џе Ин на надлежните органи им наредил во спасувачката операција да ги применат сите можни средства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın