свет

Семејствата од Идлиб во потрага по мртвите тела на нивните деца

Режимот на Башар ал Асад, и покрај примирјето што го прогласи Русија минатиот четврток, синоќа изврши воздушен напад во провинцијата Идлиб, при што животот го загубија 17 цивили


Eşref Musa,Mehmet Burak Karacaoğlu   | 12.01.2020
Семејствата од Идлиб во потрага по мртвите тела на нивните деца

ИДЛИБ (АА) - ЕШРЕФ МУСА / БУРАК КАРАЏАОГЛУ -

Во сириската провинција Идлиб, семејствата тешко можат да стигнат до телата на нивните деца, кои загинаа за време на бомбардирањата на режимот од Башар ал Асад, јавува Агенција Анадолија (АА).

Режимот на Башар ал Асад, и покрај примирјето што го прогласи Русија минатиот четврток, синоќа изврши воздушен напад во провинцијата Идлиб, при што животот го загубија 17 цивили.

Три од 6-те лица што загинаа во бомбашкиот напад во областа Бинеш се деца на семејството Таџ Шејх.

Во разурнатата куќа животот го загубија сестрите Мерам (2 години), Шехид (3) и Мехе (5) и нивната тетка.

Мајката на децата, која се наоѓала во близина на куќата за време на бомбардирањето, го преживеала нападот и била само повредена.

По масакрот, таткото Небил Таџ Шејх и дедото на децата, Халид Абдурахман, веднаш пристигнале во домот. Тие долго време морале да работат под урнатините за да стигнат до телата на децата.

Семејство со големи тешкотии ги извади мртвите тела на децата од под урнатините.

Семејството не сакаше да ги раздели своите деца едно од друго, па затоа ги погреба во ист гроб.

Дедото во изјавата за АА за тие моменти рече: „Имаше воздушен напад. Дојдов да проверам, ја нападнале куќата на мојата ќерка. Децата (внуките) беа на парчиња.“

Дедото Абдурахман, кој ги изгуби своите 3 внуки, рече дека единствената личност што ги преживеала бомбите е новороденчето на семејството.

Таткото Шејх, кој е градежен работник, рече: „Работев секој ден за 2 илјади сириски лири (2 евра) за да го нахранам моето семејство. Секогаш кога се враќав од работа ме пречекуваа на врата.“

Веднаш по нападот, на социјалните медиуми беа објавени фотографии на децата што го загубија животот.

За разлика од објавата на Русија, Министерството за одбрана на Турција соопшти дека прекинот на огнот во деескалациската зона во Идлиб ќе започне на 12 јануари од 00:01 часот.

Со големо внимание се чека дали Асад, Русија и Иран ќе го почитуваат прекинот на огнот.

Северозападната сириска покраина Идлиб од самиот почеток на граѓанската војна е упориште на опозицијата.

Во моментов, популацијата на Идлиб со внатрешната миграција достигна 4 милиони луѓе. Од март 2015 година се наоѓа под контрола на опозицијата. Идлиб е место кое најмногу е напаѓано од страна на режимот.

На состанокот во Астана од 4-5 мај 2017 година, Турција, Русија и Иран се договорија за 4 деескалациски зони во Идлиб и соседните провинции (Латакија, Хама и Алепо).

Но, режимот и странските терористички групи поддржани од Иран, со воздушна поддршка на Русија ја зазедоа контролата врз овие деескалациски зони, со исклучок на Идлиб.

Стотици илјади цивили, кои избегаа од нападите, мигрираа кон местата близу границата со Турција.

Исто така, нападите продолжија извесно време и по договорот од Сочи постигнат на 17 септември 2018 година меѓу Русија и Турција.

Русија, режимот, како и терористите поддржани од Иран што изведуваат напади во деескалациската зона во Идлиб, само од почетокот на 2019 година досега се причина за раселувањето на околу 1 милион и 300 илјади цивили кон местата во близина на границата со Турција. Најмалку 20.000 цивили само изминатите два дена избегаа од внатрешноста на сириската провинција Идлиб кон сириско-турската граница.

Над 1.600 цивили загинаа како резултат на бомбардирањата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın