свет

Северна Кореја со порака до САД: „Од вас зависи каков божиќен подарок ќе добиете“

„Повикот на дијалог од страна на САД не е ништо друго освен глупава игра која во суштина е со намера само Демократската Народна Република Кореја да остане во дијалогот...“

Gamze Türkoğlu Oğuz   | 03.12.2019
Северна Кореја со порака до САД: „Од вас зависи каков божиќен подарок ќе добиете“

СЕУЛ (АА) - Северна Кореја соопшти дека Соединетите Американски Држави (САД) самите ќе изберат каков божиќен подарок ќе добијат, бидејќи времето на САД за спасување на нуклеарните договори се намалува, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според државната новинска агенција КЦНА (KCNA), заменик-државниот секретар на Северна Кореја одговорен за односи со САД, Ри Тхае Сонг, ја обвини администрацијата на САД во Вашингтон дека ги повторува предлозите за преговори за да заштеди време, без притоа да понуди вистински решенија.

Повторувајќи дека Северна Кореја нема намера да продолжи со дипломатијата доколку нема значителни резултати, Ри нагласи: „Повикот на дијалог од страна на САД не е ништо друго освен глупава игра која во суштина е со намера само Демократската Народна Република Кореја да остане во дијалогот. САД го користат тоа за изборите и за политичката ситуација. Останува на САД да одлучат кој божиќен подарок ќе го изберат.“

- Преговорите од февруари продолжуваат со потешкотии -

Водачот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, истакна дека на САД им е дадено време до крајот на годината да понудат заеднички прифатливи услови за нуклеарниот договор и дека ако САД инсистираат на санкции и угнетување, тогаш ќе бараат „нов пат“.

Разговорите за нуклеарното оружје меѓу САД и Северна Кореја од февруари се одвиваат со потешкотии.

Според Севернокорејците, во октомври средбите во Шведска се прекинати бидејќи Американците биле на своите „стари ставови“.

Северна Кореја во последните неколку месеци спроведува серија вежби со ракетни системи со цврсто гориво. Од страна на експертите тоа е интерпретирано како потенцијално подобрување на способноста на администрацијата на Пјонгјанг да гаѓа цели во Јапонија и Јужна Кореја.

Во јули 2017 година, лидерот на Северна Кореја, Ким, својата прва проба со интерконтинентална балистичка ракета ја опиша како „пакет-подарок“ за САД, кои го слават 4 јули како Ден на независноста.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın