свет

Свлечиште во рудник во Индонезија: Загинаа 5 лица

- Пет лица го загубија животот во свлечиштето кое се случи во рудник за злато во индонезиската покраина Централно Сулавеси

Mahmut Atanur   | 25.02.2021
Свлечиште во рудник во Индонезија: Загинаа 5 лица Фото: Архива / АА

ЏАКАРТА 

Пет лица го загубија животот во свлечиштето кое се случи во рудник за злато во индонезиската покраина Централно Сулавеси, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според веста на ТВ-каналот „Метро ТВ“, свлечиштето настанало во рудникот за злато кој бил управуван на илегален начин во местото Париги Мутонг.

Властите соопштија дека како резултат на операциите за пребарување и спасување, пронајдени се 5 безживотни тела, додека 6 лица се спасени.

Во тек се операциите за пребарување и спасување.

Инаку, во свлечиштето кое се случи на 26 февруари 2019 година во рудникот за злато кој бил управуван на илегален начин во местото Боланг Монгондов во покраината Северно Сулавеси, загинаа 27 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın