свет

Сан Франциско ја забрани употребата на технологијата за препознавање на лицето

Телефоните, безбедносните камери и другите уреди кои ја користат технологијата за препознавање на лицето, ги ставаат биометриските податоци на човековите ликови во базата за податоци...

Emre Aytekin   | 15.05.2019
Сан Франциско ја забрани употребата на технологијата за препознавање на лицето

САН ФРАНЦИСКО (АА) - Градската администрација na Сан Франциско, Соединетите Американски Држави (САД), им забрани на полициските и другите општински власти да ги идентификуваат граѓаните со технологијата за препознавање лице, пренесува Anadolu Agency (AA).

Надзорниот одбор на Сан Франциско усвои регулатива со која се забранува користењето на технологијата за препознавање лице, а исто така, според новата регулатива, одделенијата на општините за која било електронска технологија за следење ќе треба да добијат одобрение. 

Со регулативата, на полицијата и на другите институции поврзани со општината целосно ќе им биде забрането да ја користат опремата за идентификација на граѓаните со технологија за препознавање на лицето. Исто така, ќе им биде забрането да создаваат бази на податоци што содржат такви информации. Употребата на која било електронска технологија за следење ќе треба да биде одобрена од Надзорниот одбор. 

За употребата на електронските технологии за следење без согласност на граѓаните, низ целиот свет се дебатира во рамките на кршењето на личното право на приватност.

Телефоните, безбедносните камери и другите уреди кои ја користат технологијата за препознавање на лицето, ги ставаат биометриските податоци на човековите ликови во базата за податоци, за да можат потоа да ги идентификуваат. А тоа, пак, како што се наведува во дебатите, значи губење на правото на приватност на граѓаните. 

Сан Франциско стана првиот американски град кој ја забрани употребата на технологијата за препознавање лице. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın