свет

САД ќе депортира 10 руски дипломати

Претседателот на САД Џо Бајден објави дека ќе бидат депортирани 10 руски дипломати поврзани со иницијативата за кибер напад и интервенција на претседателските избори во САД

Ekip   | 15.04.2021
САД ќе депортира 10 руски дипломати

АНКАРА

Претседателот на САД Џо Бајден објави дека 10 руски дипломати ќе бидат депортирани со образложение дека се поврзани со обид за кибер напад и активности насочени за влијание врз американските претседателските избори, известува Агенција Анадолија (АА).

Во изјавата што ја даде администрацијата на Бајден се наведува дека на Русија ќе и бидат изречени разни санкции поради влијаењето врз претседателските избори и обид за кибер напад.

Откриено е дека хакери, за кои постои сомневање дека биле поврзани со Русија, во декември 2020 година се инфилтрирале во компјутерските системи на неколку американски федерални агенции, вклучувајќи ги и Министерството за финансии на САД, Министерството за трговија и Министерството за правда, со помош на малициозен код наречен „SolarWinds“ што го вградиле во софтверот кој управува со мрежните и системските инфраструктури. Американската администрација ја сметаа Русија одговорна за нападот.

Американски официјални лица тврдат дека, иако нема докази, покрај кибер нападот изведен минатиот месец, рускиот претседател Владимир Путин ги овластил руските агенти да извршуваат дејствија за да помогнат во реизборот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Депортацијата на дипломатите и санкциите се првиот чекор на одмазда против Кремљ поради обидот за кибер-напад врз САД поврзан со „SolarWinds“.

Американските власти соопштија дека како контра дејствија наспроти „видливите“ и „невидливи“ дејствија во минатото, ќе бидат воведени санкции со цел да и се даде јасна порака на Русија да спречи слични обиди во иднина.

Минатиот месец, САД воведе санкции за некои руски бирократи од високо и средно ниво и руски државни институции поради труењето и затворање на опозицискиот лидер Алексеј Навални.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın