свет

САД: Уапсен вооружен маж на контролниот пункт пред Капитол

Сите приоди кон Капитол се затворени, а ограничувањата за движење во парковите во близина се на сила до 21 јануари, еден ден по официјалното стапување на Бајден на функцијата претседател

Servet Günerigök   | 17.01.2021
САД: Уапсен вооружен маж на контролниот пункт пред Капитол

ВАШИНГТОН (АА) - Американската полиција уапси маж на контролен пункт поставен по повод инаугурацијата во Вашингтон, неколку дена пред новоизбраниот претседател Џо Бајден да ја преземе функцијата на церемонијата во Капитол, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Уапсеното лице е од сојузната држава Вирџинија и имало неовластени акредитиви за инаугурацијата, нерегистриран пиштол и над 500 куршуми“, јавија повеќе американски медиуми.

Весникот „УСА тудеј“ (USA Today) пренесе полициски извештај во кој се вели дека Весли Ален Белер (31) бил фатен во петокот во близина на зградата на Конгресот, со два 9-милиметарски пиштоли „Глок“, 509 куршуми 9-милиметарска муниција, 21 куршум за ловџиска пушка и една рамка муниција за пиштол во неговиот камион.

Камионот бил украсен со налепници со огнено оружје, меѓу кои и неколку на кои пишувало: „Напад на животот“ и „Ако дојдат по твоето оружје, прво дајте им ги вашите куршуми“, јави телевизиската станица „Ен-би-си 4“ (NBC 4).

Приведувањето се случува во услови на зајакнати безбедносни мерки по немирите во Капитол, во кои имаше и загинати.

Приврзаниците на претседателот Доналд Трамп упаднаа во законодавниот дом во кој се сместени Претставничкиот дом и канцелариите на Сенатот.

Сите приоди кон Капитол се затворени, а ограничувањата за движење во парковите во близина се на сила до 21 јануари, еден ден по официјалното стапување на Бајден на функцијата претседател.

Во подрачјето распоредени се 20.000 припадници на Националната гарда поради најавите за протести пред инаугурацијата.

Поддржувачите на Трамп сметаат дека претседателските избори на 3 ноември се украдени од демократите, тврдење што без докази го рашири Трамп.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın