свет

САД со санкции за кинеските владини институции и раководители поради третманот врз Ујгурите

„Вклучуваме кинеска владина агенција и двајца владини службеници на списокот со санкции, поврзани со сериозни кршења на човековите права врз етничкото малцинство во автономниот регион Ксинџијанг Ујгур.“

Dildar Baykan   | 01.08.2020
САД со санкции за кинеските владини институции и раководители поради третманот врз Ујгурите

ВАШИНГТОН

Американската администрација во списокот за санкции вклучи една кинеска владина агенција и двајца кинески раководители со образложение дека ги кршат човековите права на Ујгурите и во автономниот регион Синџианг Ујгур, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во писмената изјава на Министерството за финансии на САД се нагласува: „Вклучуваме кинеска владина агенција и двајца владини службеници на списокот со санкции, поврзани со сериозни кршења на човековите права врз етничкото малцинство во автономниот регион Ксинџијанг Ујгур.“

Се посочува дека институциите и лицата за кои станува збор се обвинети за за големи апсења и насилно физичко малтретирање меѓу Ујгурите.

Во се наведува дека станува збор за институцијата „Xinjiang Production and Construction Corps“, додека лицата се претходен раководител во истата институција Сун Жинлонг и сегашниот раководител Пенг Жиаруи.

„Како што рековме претходно, американското Министерство за финансии е решено да ја искористи целата своја финансиска моќ за да бара одговорност за кршење на човековите права во Ксинџијанг и низ целиот свет“, нагласи Стивен Мнучин, министерот за финансии на САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın