свет

САД со логистичка поддршка за нивните бази во Сирија

Соединетите Американски Држави во своите бази, што се наоѓаат на териториите кои се под контрола на ЈПГ/ПКК, испорачаа логистичка поддршка од 60 камиони

Mohamad Misto,Levent Tok   | 23.08.2019
САД со логистичка поддршка за нивните бази во Сирија

АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави во своите бази, што се наоѓаат на териториите кои се под контрола на терористичката организација ЈПГ/ПКК, испорачаа логистичка поддршка од 60 камиони, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според локалните извори, вчеравечер конвој од околу 60 камиони од сириско-ирачкиот граничен премин „Симелка“ влегол во Сирија.

Во конвојот имало префабрикувани куќи, бетонски блокови и возила.

Изворите, исто така, известуваат дека камионите се упатиле во базите на САД во областа окупирана од терористите на ЈПГ/ПКК.

Од 2015 година, САД ѝ даваат воена поддршка на ЈПГ/ПКК, повикувајќи се на борбата против ДЕАШ, а во моментов имаат околу 2.000 војници во 18 бази и воени локации во Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın