свет

САД: Продолжуваат протестите поради убиството на Даунт Рајт

Протестите траат три дена, а полицијата и демонстрантите синоќа повторно се судрија во Бруклин Сентер, каде што се случи убиството

Emre Aytekin   | 14.04.2021
САД: Продолжуваат протестите поради убиството на Даунт Рајт

ВАШИНГТОН

Продолжуваат протестите откако полициски службеник пред три дена уби 20-годишен црномурест маж, идентификуван како Даунт Рајт, во најголемиот град на американската сојузна држава Минесота, јавува Агенција Анадолија (АА).

Протестите траат три дена, а полицијата и демонстрантите синоќа повторно се судрија во Бруклин Сентер, каде што се случи убиството.

Стотици демонстранти се собраа околу полициската станица во градот, пред полицискиот час што почнува во 22.00 часот. Полицијата ги повика насобраните да се разидат.

Демонстрантите фрлаа огномет и разни предмети кон полицијата, а безбедносните сили, кои ја чуваа зградата, одговорија со шок-бомби и солзавец.

Полициски службеник на 11 април уби возач во Минеаполис во американската држава Минесота, што доведе до протести и судири на демонстратите и полицајците.

„Полицијата соопшти дека кога се обиделе да го уапсат возачот, се повлекле откако утврдиле дека има издадено потерница за него, а тој се вратил во своето возило и се оддалечил“, известува „Си-би-ес Минесота“. Еден од полицајците потоа пукал кон возилото, застрелувајќи го смртно возачот.

По инцидентот, десетици демонстранти почнаа да се собираат на местото на пукањето, опкружувајќи го седиштето на полицијата во Бруклин Сентер. Полициските сили употребија шок-бомби и солзавец за да ја растераат толпата.

Во градот поради тоа е воведен вечерен полициски час.

За време на протестите се оштетени некои полициски возила, а на видеоснимките на социјалните мрежи може да се види и кражба во околу 20 објекти.

Афроамериканецот Џорџ Флојд во мај 2020 година е уапсен поради наводен обид за користење фалсификувани банкноти од 20 долари. Полицајците му клечеле на вратот, а тој девет минути ги молел да му овозможат да дише.

Флојд почина од последиците на тој брутален обид за приведување, а поради инцидентот започна бран антирасистички протести низ САД и светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın