свет

САД: Полициското насилство врз црномурестите луѓе во блиското минато

- Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) почина минатата недела во градот Минеаполис во сојузната американска држава Минесота, откако беше задушен од полицаец белец кој при приведувањето со колено го притискал неговиот врат речиси девет минути.

Beyza Binnur Dönmez   | 02.06.2020
САД:  Полициското насилство врз црномурестите луѓе во блиското минато

ВАШИНГОН

Со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, народот во САД конечно се 'крена на нозе' против насилството на полицијата која само во блиското минато има одземено 7.666 животи, чие мнозинство се црномурестите луѓе, јавува Агенција Анадолија (АА).

Афроамериканецот Џорџ Флојд (46) почина минатата недела во градот Минеаполис во сојузната американска држава Минесота, откако беше задушен од полицаец белец кој при приведувањето со колено го притискал неговиот врат речиси девет минути. Последните зборови на Флојд биле „Не можам да дишам“, што стана слоган на протестите кои се проширија низ целата земја.

Според податоците објавени на веб-страницата на Трасирање на полициско насилство (Mapping Police Violence), која се повикува на безбедносни извори, стапката на црномурестите луѓе убиени од страна на полицијата во период од 2013 до 2019 годинаа е два и пол пати поголема од стапката на убиените белци.

95% од убиствата се случиле за време на апсења, а Калифорнија, Тексас и Флорида се држави со највисоко ниво на полициско насилство.


- Животите на црномурестите луѓе се важни

Невладината организација „Животите на црномурестите луѓе се важни“ основана во 2013 година, ги води демонстрациите низ целата земја, за да се стави крај на полициското насилство.

Смртта на Флојд се споредува со смртта на Ерик Гарнер, кој почина за време на неговото приведување во 2014 година во Њујорк, исто така на полицајците постојано им велел „Не можам да дишам“.

Фразата стана слоган на демонстрантите кои протестираат против убиствата на невооружени Афроамериканци мажи и жени од страна на полицијата. Слоганот продолжува да се користи повторно скоро шест години подоцна.

Еден месец по убиството на Гарнер, протести на национално ниво се одржаа во Фергусон, Мисури, по убиството на 18-годишниот Мајкл Браун. Протестите беа насилни проследени со грабежи и пожари, а некои градови воведоа полициски час.

Во август 2014 година, Езел Форд беше мета на полициските куршуми во Лос Анџелес, а ова убиство беше проследено со смртта на Акаи Гурли (28) во Њујрок и Тамир Рајс (12) во Кливленд во ноември 2014 година.

Додека сите овие настани доведоа до индивидуални демонстрации, илјадници луѓе се собраа пред големиот трговски центар во Блумингтон, Минесота во декември 2014 година, во знак на протест против насилството на САД врз невооружени црномурести граѓани. Десетици луѓе беа приведени во овие протести.


- Полицијата истрела 16 куршуми на осомничено црномуресто лице

На 20 октомври 2014 година, полициски службеник Џејсон Ван Дајк во Чикаго го уби црномурестиот тинејџер Локан Мекдоналд, кој со себе носел нож, истрелувајќи 16 куршуми во Мекдоналд на далечина од околу 3 метри.

Дајк, приведен за убиство од прв степен, беше ослободен со кауција на 30 ноември 2014 година. Инцидентот доведе до протести кои се засилија уште повеќе откако полицијата ги објави снимките 400 дена подоцна.


- Протести „Кажи го нејзиното име“

Во мај 2015 година, организацијата „Животите на црномурестите луѓе се важни“ повика на демонстрации наречени „Кажи го нејзиното име“ во знак на сеќавање на жените и девојчињата кои починаа како резултат на полициското насилство во земјата, а големи протести беа организирани во неколку градови.

Во ноември истата година, дојде до судири меѓу полицијата и демонстрантите во 18 дневниот протест во Минеаполис, откако 24 годишниот Јамар Кларк беше застрелан и убиен од страна на полицијата. Некои демонстранти учествуваа во грабежи и палење на возила.


- Протестите се вратија повторно во 2016 година со убиството во Шарлот

Кејт Ламонт Скот (43) беше убиен од страна на полицијата на 20 септември 2016 година во Шарлот, Северна Каролина. Откако протестите предизвикани по повод неговото убиство преминаа во насилство, во земјата беше прогласена вонредна состојба со цел преземање контрола врз демонстрантите.

Во март 2018 година, убиството на Стефон Кларк од страна на полицијата во градината на домот од неговата баба во Сакраменто, Калифорнија предизвика масивни протести и вандализам.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın