свет

САД: Пет деца починаа во пожар во центар за дневен престој

- „Жртвите на пожарот во градот Ири се на возраст од 8 месеци до 7 години“, изјави Гај Сантон, шеф на противпожарната бригада

Ekipa   | 12.08.2019
САД: Пет деца починаа во пожар во центар за дневен престој Foto: Arhiva / AA

ИРИ

Најмалку 5 деца, меѓу кои и едно бебе, настрадаа во пожар кој зафати центар за дневен престој во Пенсилванија, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Жртвите од пожарот во Ири се на возраст од 8 месеци до 7 години“, изјави Гај Сантон, шеф на противпожарната бригада.

„Најмалку 4 од жртвите преноќиле во куќа која е претворена во центар за дневен престој“, изјави инспекторот Џон Видомски.

„Пожарот избувнал во 1:15 часот по полноќ и избиваше од сите прозорци на првиот кат во моментот кога противпожарните екипи пристигнаа на самото место“, рече Видомски.

Валери Локет-Слупски, баба на четири настрадани деца, изјавила дека децата ноќта ја минале во центарот, бидејќи родителите им работеле ноќна смена. Таа рече дека родителите имале две момчиња и две девојчиња и дека го користеле центарот во текот на целата година.

Како што пренесуваат локалните медиуми, пожарот најверојатно избувнал во дневната соба на првиот кат од куќата. Сѐ уште не е позната причината за избивањето на пожарот, а во тек е истрага за настанот.

Сопственикот на центарот е хоспитализиран и се наоѓа во стабилна состојба, а во пожарот е повреден и еден од соседите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın