свет

САД на Велика Британија ѝ ветија приоритетна трговија

Советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, при посетата на Лондон истакнал дека САД ја изразилe поддршката до Велика Британија за Брегзит без договор

Gökhan Kurtaran   | 13.08.2019
САД на Велика Британија ѝ ветија приоритетна трговија

ЛОНДОН (АА) - Американскиот советник за национална безбедност, Џон Болтон, изјави дека Велика Британија ќе има приоритет меѓу земјите кои сакаат да склучат трговски договор со Соединетите Американски Држави (САД), по излегувањето од Европската Унија (ЕУ), пренесува Anadolu Agency (AA).

Според „Би-би-си“ (BBC), советникот за национална безбедност на САД, Џон Болтон, при посетата на Лондон истакнал дека САД ја изразилe поддршката до Велика Британија за Брегзит без договор.

Болтон истакнал дека Велика Британија ќе има приоритет меѓу земјите кои сакаат да склучат трговски договор со Соединетите Американски Држави (САД), по излегувањето (Брегзит) од Европската Унија (ЕУ), нагласувајќи дека по Брегзит би можеле да започнат преговори за серија трговски договори.

„Ако треба да бидеме јасни, под водството на Трамп, Велика Британија ќе биде на прво место меѓу земјите за трговија. Ние сакаме да реагираме бргу. Со претходната Влада посакувавме да напредуваме побргу“, нагласи Болтон.

„Фајненшл тајмс“ (Financiel Times) ги пренесе и оценките на Болтон за можноста кинеската компанија „Хуавеи“ (Huawei) да учествува во изградбата на 5Г-инфраструктурата на Велика Британија.

„Британските власти ми кажаа дека го разгледуваат прашањето за „Хуавеи“ уште од првата фаза. Многу се загрижени да не биде загрозена безбедноста за 5Г-технологиите. Ми кажаа дека сакаат ова прашање да го разгледаат повторно и да бидат сигурни во нивните одлуки“, рече Болтон.

Британскиот премиер Борис Џонсон со американскиот советник за безбедност, Џон Болтон, разговараше за голем број прашања, вклучувајќи ги Иран и настаните во Хонг Конг.

Во соопштението од Кабинетот на британскиот премиер се истакнува дека на состанокот се разговарало за Иран, за тензиите на Ормудскиот Теснец, развојот на настаните во Хонг Конг и за инфраструктурните теми од 5Г-технологијата на Велика Британија.

На состанокот, исто така било разговарано и за решеноста на Велика Британија да склучи сеопфатен договор за слободна трговија со САД откако ќе излезе од Европската Унија.

Џонсон денеска оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

- 5Г-криза -

Меѓу САД и Велика Британија имаше тензии откако во медиумите се појавија информации дека кинеската компанија „Хуавеи“ планира да учествува во изградбата на 5Г-инфраструктурата на Велика Британија.

Тогашната премиерка на Велика Британија, Тереза ​​Меј, побара министерот за одбрана, Гавин Вилијамсон, да даде оставка поради тоа што ги информирал медиумите за планот. Откако Џонсон стана премиер, Вилијамсон беше вратен во Владата како министер за образование.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın