свет

САД на барање на Саудиска Арабија во ОАЕ испраќаат војска во Заливот

„Како што рече претседателот Доналд Трамп, САД немаат намера да се судрат со Иран, но ги имаме на располагање сите воени опции, ако тоа биде потребно“, порача министерот за одбрана, Марк Еспер

Kasım İleri   | 21.09.2019
САД на барање на Саудиска Арабија во ОАЕ испраќаат војска во Заливот

ВАШИНГТОН (AA) - Американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, најави дека неговата земја на барање на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе ги распореди воените сили во Заливот за пружање поддршка во противвоздушната одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).

По состанокот за национална безбедност во Белата куќа во врска со нападот на саудиските нафтени постројки на „Арамко“ (Aramco), министерот Еспер одржа конференција за новинарите.

Потсети дека нападот на саудиските постројки „драматично ја зголеми напнатоста во регионот“, и додаде: „Сите докази упатуваат на тоа дека Иран е одговорен за нападот.“

Како што истакна, за да се спречат понатамошни напади, Саудиска Арабија побара меѓународна поддршка поради заштита на својата критична инфраструктура.

„Обединетите Арапски Емирати исто така побараа помош. На барање на Кралството за поддршка, претседателот [Доналд Трамп] одобри префрлање на американските сили во регионот, особено во контекст на воздушната и ракетната одбрана. Исто така, ќе ја забрзаме испораката на опремата на Саудиска Арабија и ОАЕ за да ја подобриме нивната способност за одбрана“, рече Еспер.

Подвлече дека со испраќањето на своите сили САД сакаат да испратат јасна порака на Иран, да обезбедат слободен проток на ресурси и да го одржат меѓународниот поредок втемелен на правила.

„Како што рече претседателот, САД немаат намера да се судрат со Иран, но ги имаме на располагање сите воени опции, ако тоа биде потребно“, порача Еспер и ја повика иранската Влада да престане со судирот и да се врати на дипломатијата.

Пред точно седум дена, околу 4:00 часот наутро, изведен е напад врз две постројки на саудиската национална компанија „Арамко“. Иако јеменските бунтовници Хуси ја презедоа одговорноста за нападите, САД тврдат дека зад нив стои Иран. Таквите обвинувања ги отфрли официјален Техеран.

Нападот на саудискиот нафтен комплекс кој сочинува 5 отсто од вкупното светско производство на нафта го осудија бројни меѓународи организации и држави, вклучувајќи ги Обединетите нации, Европската Унија, Турција и САД.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın