свет

САД најавија над 696 милиони долари помош за Сиријците

- Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес изјави дека повеќе од 696 милиони долари хуманитарна помош ќе им бидат испратени на Сиријците

Beyza Binnur Dönmez   | 30.06.2020
САД најавија над 696 милиони долари помош за Сиријците

АНКАРА

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денес изјави дека повеќе од 696 милиони долари хуманитарна помош ќе им бидат испратени на Сиријците, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Помошта е одговор на тековната криза предизвикана од режимот на Асад, руските и иранските сили“, изјави тој, нагласувајќи дека САД до сега во Сирија вкупно испратиле повеќе од 11,3 милијарди долари хуманитарна помош.

Тој ја повика меѓународната заедница да остане посветена на исполнувањето на потребите на сирискиот народ, „одговорност која се покажа дека режимот Асад е неподготвен да ја поддржува“.

Помпео изјави дека првичната најава за помошта денес ја дал специјалниот претставник за Сирија, амбасадорот Џејмс Џефри за време на конференцијата чиј домаќин беше ЕУ.

Меѓународната заедница се потпира на прекуграничниот пристап за доставување помош и тој рече дека САД „силно“ ја поддржуваат препораката на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за враќање на прекуграничните операции.

Забелешките на Помпео се случија еден ден откако координаторот на ОН за вонредна помош, Марк Лоукок, го повика Советот за безбедност на ОН да го продолжи прекуграничното овластување за доставување хуманитарна помош за северозападна Сирија, наведувајќи дека сегашната помош е „далеку од доволна“.

Анонимни извори кои за АА зборуваа за состојбата во Сирија, во саботата имаа кажано дека САД обезбедиле 21 милион американски долари финансиска помош за Сириските демократски сили (СДФ), предводени од ЈПГ/ПКК, за да ги ублажат ефектите од „Законот на Цезар“. Законот „Цезар“ е усвоен во американскиот Конгрес во декември 2019 година, и стапи во сила на 17 јуни.

Законот за заштита на цивилите е наречен „Цезар“ (Caesar), во спомен на воениот полицаец со тоа кодно име, кој ги објави фотографиите за злосторствата врз човештвото и тортурата извршена од страна на режимот во Сирија.

ПКК е назначена терористичка организација од страна на Турција и САД, но Вашингтон се воздржа од слично обележување на нејзиниот сириски огранок, бидејќи во голема мера продолжува да се потпира на ЈПГ како свој примарен партнер во североисточна Сирија и покрај приговорите на Анкара.

Помошта дојде еден ден откако САД најавија кампања за „одржливи санкции“ против сирискиот режим и нејзините сојузници.

Вашингтон на 17 јуни како дел од „Законот на Цезар“, воспостави санкции врз режимот на Башар ал Асад, неговата сопруга и неговиот близок круг поради наводи за учество во воени злосторства.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın