свет

САД: Двaјца тинејџери починаа откако се судрија со полицијата во Оклахома

Младите со украдениот камион бегале од полицијата која започнала да ги следи. По едно време младите со камионот направиле сообраќајна несреќа.

Nuri Aydın   | 02.03.2021
САД: Двaјца тинејџери починаа откако се судрија со полицијата во Оклахома

МАСКОГИ 

Двајца 17-годишни тинејџери загинаа во судир со полицијата во областа Маскоги во Оклахома, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според изјавата дадена од полицијата, екипите излегле на лице место по дојава за кражба на еден камион.

Младите со украдениот камион бегале од полицијата која започнала да ги следи. По некое време, младите со камионот направиле сообраќајна несреќа.

Девојче на возраст од 17 години починало откако полицијата одговорила на огнот на крадците кои избегале од возилото.

Другото момче кое избегало од местото на настанот се застрелало во шумската област каде што се криело.

Покрената е истрага за инцидентот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın