свет

САД: Автобус со туристи удри во безбедносна ограда, загинаа 4 лица

- Американските власти соопштија дека во близина на Националниот парк „Кањон Брус“, автобус со 30 кинески туристи излетал од патот, по што удрил во безбедносната ограда.

Emel Öz Gözellik   | 21.09.2019
САД: Автобус со туристи удри во безбедносна ограда, загинаа 4 лица

СОЛТ ЛЕЈК СИТИ

Во американската сојузна држава Јута, автобус со кинески туристи излетал од патот и удрил во безбедносната ограда. Во несреќата животот го загубија 4 лица, а 26 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).

Американските власти соопштија дека во близина на Националниот парк „Кањон Брус“, автобус со 30 кинески туристи излетал од патот, по што удрил во безбедносната ограда.

Во несреќата животот го загубиле 4 туристи, а меѓу 26-те повредени, 15 лица се во тешка состојба. Повредените се наоѓаат на лекување во локалните болници. Во соопштението се наведува дека во тек е истрага за откривање на причините за несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın