свет

Садик Кан за АА во пресрет на локалните избори: „Имам план за закрепнување на Лондон“

Градоначалничките и локалните избори во Англија требаше да се одржат минатата година, но се одложени за 6 мај поради ситуацијата што ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Ahmet Gürhan Kartal   | 03.05.2021
Садик Кан за АА во пресрет на локалните избори: „Имам план за закрепнување на Лондон“

ЛОНДОН 

Садик Кан, актуелниот градоначалник на Лондон, изјави дека има план за закрепнување на британската престолнина од „разорните" последици на Брегзит и пандемијата на коронавирусот, доколку победи на наредните локални избори на 6 мај.

Кандидатот за градоначалник на Лондон од Лабуристичката партија во интервју за Агенција Анадолија (АА) изјави дека ќе го промовира својот град за да излезе од моменталната ситуација.

„Мислам дека комбинацијата на Брегзит и оваа грозна пандемија е погубна за компаниите во Лондон и низ земјата, посебно за оние што се занимаваат со малопродажба, угостителство, култура и туризам. Во последната година загубивме повеќе од 300.000 работни места во Лондон, а повеќе од милион жители на Лондон моментално се на принуден одмор“, порача Кан.

За да ги реши сите овие прашања, градоначалникот на Лондон изјави дека има план кој вклучува вработување луѓе и помагање на оние што ја загубија работата да пронајдат ново вработување.

Кан исто така рече дека го користеле публицитетот и го промовирале Вест Енд, кварт во централен Лондон во кој се сместени културни центри, театри, ресторани, пабови и кафулиња, за да ги вратат луѓето по пандемијата.

Потсетувајќи дека минатата година повеќе од 18.000 граѓани на Лондон починале од последиците на коронавирусот, Кан изјави дека се надева дека благодарение на моменталниот систем на вакцинирање и тестирање, последното затворање во земјата (lock down), ќе биде и последно.

Истакна дека, доколку повторно биде избран, ќе му помогне на централен Лондон да закрепне, дека ќе воспостави разни академии за вработување на младите и ќе продолжи да го подобрува квалитетот на воздухот во британската престолнина.

- Пораст на нападите со нож -

Говорејќи и за драматичниот пораст на нападите со ладно оружје (нож), во кои од 1 јануари се убиени најмалку 25 лица, Кан рече дека тоа е „срцепарателно прашање“.

„Многу е важно да се биде остар кон криминалот“, изјави Кан, додавајќи дека како градоначалник вложил повеќе од милијарда фунти (1,38 милијарди долари) за распоредување додатни полицајци во Лондон.

Додаде дека исто така е градоначалник кој вложил во младите луѓе, образованието, културата и спортот, пружајќи им исто така можност да работат конструктивни работи.

„Поседувањето нож не ве прави посигурни, туку помалку сигурни“, порача Кан и ги повика младите да ги пријават во полиција лицата што поседуваат нож.

Повеќе од четвртина од сите напади со нож што полицијата ги регистрираше низ Велика Британија во 2020 година припишани им се на лицата помлади од 18 години.

„На младите луѓе мораме да им пружиме надеж“, додаде Кан, објаснувајќи дека отуѓувањето, искривувањето и сиромаштијата се меѓу сложените причини за пораст на криминалитетот меѓу младите.

Рече дека Владата не би требало повеќе да ги намалува државните бенефиции бидејќи се создаваат услови што доведуваат до насилен криминал.

- Локални избори -

Градоначалничките и локалните избори во Англија требаше да се одржат минатата година, но се одложени за 6 мај поради ситуацијата што ја предизвика пандемијата на коронавирусот.

Граѓаните на Лондон ќе можат да бираат помеѓу 20 кандидати за градоначалник.

Според предизборните анкети, кандидатот на лабуристите, Садик Кан, првиот муслиман на чело на Лондон, има поддршка од 63 отсто од гласачите, додека конзервативецот Шаун Бели ужива 37 отсто поддршка.

Гласачките места ќе се отворат во 7:00 часот по локално време, а ќе се затворат во 22:00 часот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın