свет

Руски одбранбени системи одамна поседуваат земји сојузнички на НАТО

Најмалку три членки на НАТО низ годините користат руски системи за противракетна одбрана, во период кога Соединетите Американски Држави (САД) го зголемуваат притисокот врз Турција и Индија да се повлечат од купувaње на такви системи

Syed İftikhar Gilani   | 12.06.2019
Руски одбранбени системи одамна поседуваат земји сојузнички на НАТО

АНКАРА (АА) - Најмалку три членки на НАТО низ годините користат руски системи за противракетна одбрана, во период кога Соединетите Американски Држави (САД) го зголемуваат притисокот врз Турција и Индија да се повлечат од купувaње на такви системи, пишува Anadolu Agency (AA).

Со оглед на тоа што Индија потпиша договор со Москва во октомври 2018 година по разговорите меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и премиерот Нарендра Моди за купување на системот за противракетна одбрана „S-400“, испораката треба да започне во октомври 2020 година и да заврши до април 2023 година. Турција, која започна преговори за купување во 2017 година, најверојатно ќе ја добие својата прва испорака во текот на следните два месеца.

Главното противење на Вашингтон во врска со планираното распоредување на руски системи од страна на НАТО-сојузникот Турција, е тоа дека тие нема да бидат компатибилни со опремата на НАТО и дека претставуваат закана за американскиот производител на воените авиони „F-35“, „Локхид Мартин“ (Lockheed Martin), на кои Турција е потенцијален купувач и партнер во нивното усовршување и производство.

Русија досега ја има продадено претходната верзија на системот „S-300“ на околу 20 земји, вклучувајќи ги и земјите членки на НАТО, како Бугарија, Грција и Словачка. Ракетите „S-300“ моментално се интегриран дел од воздушната одбрана на Грција - земја членка на НАТО - кои моментално се распоредени на грчкиот дел од Кипар.

Експертите сметаат дека силите на НАТО и нивните авиони се изложени на радарските системи распоредени во Грција исто колку што можат да бидат изложени на ракетниот штит распореден во Турција. Се верува дека и самите САД го имаат купено системот за противоздушна одбрана „S-300“ во 1994 година од Белорусија. Весникот „Њујорк тајмс“ објави дека целта на купувањето била да се испита системот, за да го модернизираат својот одбранбен систем „Патриот“.

Ракетниот систем „S-400 Триумф“ беше развиен од страна на руското Централно биро за конструирање „Алмаз“ како надградба на моделот „S-300“, и за носење ракети копно-воздух кои може да таргетираат различни видови авиони на далечина од 40 до 400 километри. Во моментов е окарактеризиран како најдобар систем за воздушна одбрана во светот.

- Предностите на „S-400“ -

Ракетите „S-400“ се опремени со најсовремени радарски системи, кои обезбедуваат секторско пребарување и првокласна способност за следење со мобилна радарска станица која има опсег на детекција помеѓу 65 и 1.200 км, и сегашен максимален капацитет од 100 цели.

Додека петтата генерација американски борбени авиони, како што се „F-35“, беа дизајнирани да го пробијат „S-400“, се верува дека другите авиони, како што се верзиите на „F-16“ и „F-18“, немаат перформанси да го избегнат системот.

Оперативно, секој баталјон на „S-400“ се состои од две батерии со четири лансери за вкупно 40 фрлачи на пет полка - доволно за да се заштитат два до три големи градови. Тие се дизајнирани да можат да ги уништат сите воздушни објекти, вклучувајќи авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети и балистички ракети.

- Распоредувања на системот „S-400“ во светот -

Русија во моментов има распоредено пет „S-400“ полка на нејзина територија: два во Москва и по еден во Тихиот Океан, Балтикот и во Јужниот воен дистрикт, со понатамошни планови за уште 28 полкови до 2020 година, од кои секој ќе се состои од два или три баталјона со по четири системи, главно во поморските и пограничните области. Сирија, Белорусија и Кина, исто така, во моментов ги поседуваат системите „S-400“.

Русија го обучува кинескиот воен персонал за користење на системот за воздушна одбрана веќе неколку години. Кина беше првиот меѓународен купувач кој го нарача системот во 2014 година, во вредност од 3 милијарди долари.

Додека Турција и Индија се во центарот на вниманието на медиумите, други сојузници на САД кои моментно преговараат со Москва за системот се Саудиска Арабија, Египет, Ирак и Катар. Во февруари 2017 година, Сергеј Чемезов, извршниот директор на Корпорацијата „Ростек“ - државната компанија за производство на „S-400“ - изјави дека Египет е заинтересиран за системот „S-400“, но дека преговорите се одложени поради финансиските проблеми на Египет.

- Ракетниот систем „S-300“ е распореден во 17 земји, меѓу кои и земји сојузници на НАТО -

Претходната верзија на системот „ S-400“, кој користи идентичен радарски систем, во моментов го поседуваат 17 земји, меѓу кои и Грција, Словачка и Бугарија - сојузници на САД. Освен нив, системот „S-300“ го поседуваат и Украина, Алжир, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Египет, Индија, Иран, Казахстан, Венецуела, Виетнам, Грузија, Молдавија, Туркменистан и Узбекистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın