свет

Руски воен авион падна во Црното Море

Воен авион Su-27 исчезнал од радарот во текот на планиран лет, околу 20:00 часот по локално време, на 50 километри од Крим над Црното Море

Ali Cura   | 26.03.2020
Руски воен авион падна во Црното Море

МОСКВА (АА) - Руското Министерство за одбрана соопшти дека воен авион Su-27 паднал во Црното Море, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Во соопштението на Министерството се наведува дека воен авион Su-27 исчезнал од радарот во текот на планиран лет, околу 20:00 часот по локално време, на 50 километри од Крим над Црното Море.

Откако исчезнал од радарот стигнал повик за помош. Во подрачјето испратени се хеликоптери, авиони и бродови кои учествуваат во акцијата за пребарување и спасување.

„Според првичните информации, авионот паднал во морето. Потрагата по пилотот е отежната поради лошите временски услови“, беше соопштено од руското Министерство за одбрана.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın